Неоком е ISO 20000-1:2011 сертифициран за cloud computing

Скопје, Македонија (30.12.2015)

Заложбата на Неоком за професионални ИКТ услуги според највисоките меѓународни стандарди се реализира преку сертификацијата на neoCloud процесите со ISO 20000-1:2011 стандардот за IT Service management.

ISO 20000-1:2011 e стандард за системи за управување со услуги (SMS). Истиот ги специфицира барањата на провајдерите на услуги за планирање, воспоставување, користење, мониторирање, одржување и унапредување на SMS системот.

Преку овој стандард, Неоком ги стандардизираше услугите што ги нуди кон крајните корисници од портфолиото на професионални услуги за cloud computing (neoCloud). На овој начин, крајниот корисник добива договор за ниво на услуга (SLA) во кој се точно дефинирани доверливоста и достапноста на понудените услуги.

Неоком и понатака ќе продолжи со имплементација на системи и нивно усовршување со цел за потранспарентен пристап кон крајните корисници, но и понуда на професионални услуги кои ќе го диференцираат од конкуренцијата.

За Неоком
Неоком АД е лидер на македонскиот ИКТ пазар во поглед на виртуелизациски решенија, автоматизација и управување на бизнис процесите. Во поглед на “cloud computing” технологијата, Неоком е единствениот сертифициран провајдер според vCloud AIR програмата од страна на VMware на територијата на Република Македонија. Посветеноста кон високо технолошки решенија и стручната експертиза е потврдена од страна на HP со највисоката партнерска титула – HP Platinum Partner.

Log in