Начела на neoCloud
Водени по принципите на концептот security by design, neoCloud системот е дизајниран за целосна изолација на администратската и клиентската инфраструктура. Дополнително сите услуги во neoCloud, независно дали станува збор за инфраструктурни (IaaS) или софтверски (SaaS) се базирани на повеќе-члена (multitenant) околина каде секој корисник добива сопствени ресурси и пристап до портал за управување со услугата кој е изолиран за секој корисник.
Вработените на Неоком АД Скопје и систем администраторите на neoCloud немаат пристап до податоците на корисниците кои се наоѓаат во neoCloud.
Политика за управување со безбедност на информации
Согласно барањата на MKC ISO/IEC 27001:2013
Политиката за безбедност на информации на Неоком е насочена кон обезбедување на правец и поддршка од страна на врвното раководство во однос на безбедноста на информациите согласно барањата на бизнисот и релевантните законски и други договорни барања.
Политиката за безбедност на информации обезбедува заштита на целокупното работење на НЕОКОМ од инциденти и нарушен углед како резултат на губење на:
- – Доверливост на информации – преку заштита од неовластен пристап или неовластено откривање на информации;
- – Интегритет на информации – преку обезбедување на целовитост, точност и отпорност на информации кон неовластена модификација или уништување на истите;
- – Расположливост на информации – преку обезбедување на континуитет на бизнис процесите во случај на некаков инцидент, односно обезбедување на расположливост на информации до сите оние на кои им се потрeбни;
Неоком е посветен на воспоставување и одржување на систем за управување со безбедност на информации, преку:
- – Поттикнување на вработените да ја почитуваат и во целост имплементираат оваа политика;
- – Дефинирање на посебни контролни мерки насочени кон намалување на ризиците во однос на безбедност на информациите;
- – Воспоставување на систем за управување со инциденти во врска со безбедност на информациите;
- – Постојано подобрување на процесите и активностите насочени кон безбедноста на информациите;
- – Подигање на свесноста на вработените во Неоком во поглед на заштита на доверливоста, интегритетот и расположливоста на информациите.
Скопје, Септември 2020 година