Backup and Replication Services (BRS)

Powered by Veeam

Најголемата вредност на една компанија се нејзините податоци и нивната достапност е критична за постигнување на континуитет на бизнисот. Во дефиницијата на процесите за бизнис континуитет, податоците треба да се чуваат на повеќе локации, а самиот план може да се состои од чување на резервни копии, репликација на критичните системи или двете одеднаш. Повеќето од компаниите се соочуваат со разни предизвици – отсуство на втора локација и големи трошоци за истата; ротирачките ленти и отстранливите медиуми се бавни, тешки за пренос и неефикасни; недоволна експертиза за процесите и алатките поврзани со бизнис континуитет итн. Како одговор на овие предизвици, сè повеќе компании се насочуваат кон услугите во облак како подобар избор.

ОписAgentsBackupReplicationManaged Service

Backup and Replication Services (BRS) е професионално cloud решение за бизнис континуитет, независно дали корисникот има потреба од резервна копија на податоците, репликација на системите или целосно управување со BC/DR процесите. BRS е целокупно портфолио на услуги овозможени од решенијата на Veeam, кои обезбедуваат:

  • Veeam Agents – Резервна копија на работни станици и сервери преку локално инсталиран агент
  • Veeam Cloud Connect Backup – Пренесување на резервни копии од клиентската инфраструктура (работни станици, сервери, виртуелни машини и File Share) во дедицирано cloud складиште
  • Veeam Cloud Connect Replication – Репликација на критичните системи од клиентската инфраструктура во дедициран Virtual Data Center
  • neoCloud Managed Service – Изнајмување на лиценци и хардвер за локална инсталација на решение за бизнис континуитет и целосно управување со сите аспекти од процесите за бизнис континуитет од страна на нашите систем инженери

Независно од потребните на корисникот, услугите во портфолиото на BRS се помогнати со веб портал кој е базиран на Veeam Service Provider Console, кој овозможува:

  •  Брз преглед на заштитени системи и количина на заштитени податоци
  •  Управување со полиси и инсталација на агенти на локални сервери и компјутери во инфраструктурата на корисникот
  •  Детален преглед на задачите за резервна копија и репликација и статусот на нивното извршување
  •  Започнување на дефинирани Failover планови за иницирање на BC/DR сценарио
  •  Креирање на сопствени извештаи за заштитената инфраструктура

BRS услугата овозможува заштита на физички и cloud-базирани сервери или работни станици преку инсталација на Veeam Agent директно во оперативниот систем. Опасност од настани како прекини во конекција, хардверски испади, корупција на документи и слично можат да предизвикаат сериозни оперативни проблеми. Veeam агентите ќе Ви овозможат:

Интеграција
Директна интеграција со Veeam Cloud Connect складиште и со Veeam Service Provider Console за централизирано управување со агентите (инсталации и надградби).

Прилагодливост
Преку избор помеѓу две едиции агентите можат да одговорат на специфичните клиентските барања и потреби.
Безбедност
Комуникацијата е криптирана на изворната локација и при преносот на податоците, кои се чуваат безбедно во Cloud Connect складиштето.

Едноставност
Враќање на податоци директно од самиот агент: индивидуални податоци или цели волумени (дискови). Можност за целосен bare-metal restore.

 Напомена

Workstation едиција ги има следните функционалности:
 – резервна копија на цел систем, поединечен волумен или на ниво на податоци
 – закажување на извршување и дефинирање на ретенциска полиса
 – враќање на целосен систем (bare-metal recovery), поединечен волумен или на ниво на податоци

Server едицијата ги содржи Workstation функционалностите, плус:
 – Application Aware Processing за конзистентно обработување на поддржаните инсталираните апликации
 – Parallel disk processing и Change block tracking (CBT) driver за побрзо и поефикасно извршување на задачите
 – Напредни распореди на извршување

Поддржани оперативни системи:
 – За целосната листа на поддржани Linux базирани оперативни системи и системски барања, кликнете на следниот линк.
 – За целосната листа на поддржани Windows оперативни системи и системски барања, кликнете на следниот линк.

Поддржани апликации за Application Aware Processing:
 – Linux агентот ги поддржува следните апликации: Oracle, MySQL и PostgreSQL. Подетални информации може да се добијат од официјалната документација на следниот линк.
 – Windows агентот ги поддржува следните апликации: Microsoft SQL, Microsoft Exchange, Microsoft Active Directory, Microsoft SharePoint, Oracle. Подетални информации може да се добијат од официјалната документација на следниот линк.

Правилото 3-2-1 гласи дека треба да се чуваат три копии од податоците, складирани на два типа на медиуми, при што едната резервна копија се наоѓа на оддалечена локација. Складирањето на резервни копии на оддалечени локации може да биде предизвик како резултат на ограничен пропусен опсег, растење на количината на податоците или недостаток на ресурси потребни за создавање и одржување на вистинско оддалечено бекап складиште.

Veeam Cloud Connect Backup го олеснува процесот на пренесување на Вашите резервни копии од постоечката Veeam инфраструктура во cloud складиште, без притоа да се грижите за трошоците и комплексноста поврзани со втора локација. Veeam Cloud Connect Backup е:

Ефикасен
Користејќи ги forever-incremental или synthetic full бекап методите, WAN Acceleration* и други технологии, Veeam Cloud Connect го минимизира трансферот на податоци, а ги максимизира точките на враќање. Пренесете ги бекапите на оддалечена локација брзо и едноставно, без дополнителен пропусен опсег.

Непречен
Користете го cloud складиштето како локално бекап складиште. Veeam Cloud Connect се интегрира директно во корисничката инсталација на Veeam Backup & Replication, без потреба од дополнителни преземања од Интернет или Veeam лиценци.
Безбеден
Податоците може да се постојано енкриптирани – во изворот, при пренос и при мирување (опционално), без негативно влијание на преносот на податоци преку компресија на податоците и WAN Acceleration. Повеќечлените функционалности на Cloud Connect осигуруваат дека Вашите податоци се безбедни и доверливи исто како што би биле во Вашето локално бекап складиште.
Едноставен
Cloud Connect го олеснува процесот на враќање на податоците од cloud бекап, без преземање на цели резервни копии. Едноставно пребарајте ги Вашите резервни копии и вратете го точно тоа што Ви треба, без разлика дали се работи за виртуелна машина или документ.

 Напомена

Veeam Cloud Connect Backup поддржува пренесување на резервни копии преку креирање на Backup Copy задача во Veeam Backup & Replication од инфраструктурата на корисникот. Со овој тип на задачи може да се пренесуваат резервни копии од агенти (Workstation и Server едиција), виртуелни машини (vSphere и Hyper-V) и Enterprise апликации (SAP HANA и Oracle RMAN).

За корисници кои немаат потреба од низок Recovery Point Objective (RPO) и Recovery Time Objective (RTO), Veeam Cloud Connect Backup може да се употреби и како услуга за Disaster Recovery, при што резервни копии од агенти (работни станици и сервери) или виртуелни машини (vSphere и Hyper-V) се вчитуваат во Виртуелен Дата Центар.

Реплицирајте ги Вашите виртуелни машини од сопствената Veeam инфраструктура во cloud без трошоци и комплексноста која произлегува од раководењето на секундарен дата-центар. Со Veeam Cloud Connect Replication можете да се осигурате дека Вашиот бизнис ќе остане оперативен во случај на испад.

Брз и флексибилен failover
Лесно променете ја Вашата продукциска околина во мирување преку безбеден, мобилен портал или преку Вашата Veeam конзола. Направете failover на некоја виртуелна машина или на цел сајт само со еден клик. Одржувајте ги failover плановите за Вашата околина во cloud заедно со виртуелните машини кои се во мирување за брзо враќање на податоци дури и при големи испади.
Гарантирано враќање на податоци
Тестирајте failover на цел сајт или на виртуелна машина без да биде афектирана Вашата продукциска околина. Veeam исто така го олеснува периодичниот failover и можноста за работење на продукциската околина на Вашиот Disaster Recovery сајт.
Ефикасно враќање на податоци
Префрлете ја Вашата продукциска околина во обновениот дата-центар или на целосно нов дата-центар (Out-of-place restore), без никаква загуба на податоци и кориснички прекин. Минимизирајте го мрежниот сообраќај при враќање на податоците преку пренесување само на разликите помеѓу сликите на виртуелните машини.

Непречена интеграција
Репликацијата на Вашата околина во cloud е интегрирана во корисничките интерфејси и работни процеси на Veeam. Сè што е потребно е да ја насочите репликацијата кон neoCloud, каде има целосна интеграција со услугата Virtual Data Center.

 Напомена

Бидејќи платформата на neoCloud е базирана на VMware vSphere, BRS услугата поддржана од Veeam Cloud Connect Replication моментално поддржува само репликација од VMware vSphere базирани кориснички инфраструктури. Во иднина, доколку Veeam Backup & Replication поддржува cross-platform репликација, истото ќе биде поддржано и од страна на BRS услугата.

За корисници кои имаат инфраструктури базирани на Microsoft Hyper-V, Disaster Recovery услуга може да се постигне со Veeam Cloud Connect Backup, при што нема автоматизација на процесите и не може да се постигне низок Recovery Point Objective (RPO) и Recovery Time Objective (RTO).

Неоком е компанија која има имплементирано Систем за управување со услуги (SMS), базиран на барањата на стандардот MKC ISO/IEC 20000-1:2018 во целост интегриран со барањата на веќе постоечките системи за менаџмент со квалитет (MKC EN ISO 9001:2015), менаџмент на животната средина (MKC EN ISO 14001:2015), управување со безбедност на информациите (MKC ISO/IEC 27001:2013) и деловна непрекинливост на системот (MKC EN ISO 22301:2012).

Причините поради кои малку компании имаат можност да управуваат со решение или процеси поврзани со бизнис континуитет, може да бидат оперативни – немање експертиза, односно недоволно стручен кадар или финансиски, како на пример лимитирани буџетски можности за набавка и имплементација на сеопфатно решение за бизнис континуитет. Како составен дел од BRS услугата, neoCloud нуди можност за целосно управување со решението и процесите поврзани со бизнис континуитет. Искуството во работење со големи корисници и имплементираните стандарди ни овозможуваат да им помогнеме на нашите корисници со следните организациски и технички барања во склоп на управувањето со услугата:

  •  Идентификација на критичните бизнис процеси за бизнис континуитет и дефинирање на потребното RPO/RTO на овие системи
  •  Помош при изработка на документација поврзана со имплементација на стандарди и регулатива поврзани со бизнис континуитет
  •  Креирање, управување и надгледување на задачите за резервна копија и репликација
  •  Повремено тестирање на враќање податоци од резервна копија и failover сценарија на критични системи
  •  Помош при враќање податоци од резервна копија и иницирање на failover сценарија на критични системи
  •  Техничка помош при проблеми во извршување на задачите за резервна копија и репликација

Доколку корисникот има потреба од локални резервни копии од системите во сопствената инфраструктура и нема постоечко решение за бизнис континуитет, а притоа не сака или не може да инвестира во набавка на решение, neoCloud нуди можност за:

  •  Изнајмување на софтверски лиценци за локална инсталација на Veeam Backup & Replication врз база на pay-per-use моделот. На овој начин корисникот плаќа месечно само за оние системи кои ги штити (работни станици, сервери, виртуелни машини итн.)
  •  Изнајмување на сервер од производителот Hewlett Packard Enterprise (HPE) за локална инсталација на Veeam Backup & Replication. Моделот на серверот се избира согласно потребите за перформанси и капацитет за чување на резервните копии од системите кои се штитат.
 Напомена

Заради правилата за изнајмување на лиценци од страна на производителот Veeam, софтверот мора да е инсталиран на опрема во сопственост на провајдерот, односно Неоком. Затоа, изнајмувањето на лиценци е директно поврзано со изнајмување на хардверот.

При изнајмување на лиценци за Veeam Backup & Replication, корисникот може да ги користи Veeam Cloud Connect Backup за префрлање на резервните копии во cloud складиште и Veeam Cloud Connect Replication за репликација на критичните системи. Во вакво сценарио, корисникот не плаќа дополнителна лиценца за Veeam Cloud Connect Backup и само се наплаќа cloud складиштето, додека кај Veeam Cloud Connect Replication се наплаќа лиценцата и дисковиот капацитет за реплицираните системи.

Ценовник

За повеќе информации контактирајте нѐ директно на:
Тел:    +389 (0)2 55 11 222
Email:    sales@neocloud.mk

Контакт

Log in