neoCloud архитектурата е базирана на најновите технолошки достигнувања и препораки од областа на ИКТ во делот на “cloud computing”, обезбедувајќи флексибилен систем кој динамички може да одговори на моменталните потреби на корисниците.

Metro Stretched ClusterОбединета ИнфраструктураУправувањеБезбедностДата центри и висока достапност

Основата на концептот за задоволување на основните критериуми за обезбедување на висока достапност и доверливост на neoCloud, се двата дата центри во Скопје и во Штип на растојание поголемо од 70км, конфигурирани во Metro Stretched Cluster конфигурација. Ваквото решение овозможува репликација на податоците помеѓу двата дата центри во реално време, задоволувајќи ги критериумите за висока достапност, согласно реалните потреби на денешното модерно работење во cloud. За поврзување на двата дата центри се користат редундантни линкови на телекомуникацискиот оператор Неотел.

Metro Stretched Cluster with HP 3PAR

Хардверската архитектура во двата дата центри претставува решение базирано на HP Converged Infrastructure, обезбедувајќи единствено оптимизирано компјутерско решение кое ги обединува сите елементи во една функционална целина.

  • Сервери: HP Blade System c7000 шасии во кои се вградени blade сервери базирани на Intel Xeon процесори од последната генерација.
  • Уреди за складирање на податоци: HP 3PAR Storage системи, кои располагаат со SSD, SAS и NL-SAS дискови, меѓусебно поврзани со FC линкови, преку кои се врши синхрона репликација на податоците помеѓу двата дата центри.
  • Blade I/O модули базирани на HP Virtual Connect FlexFabric/Flex-10 технологијата, поврзани со HP Core Network Switches во HA mode.
  • Уреди за заштита на податоци: Покрај можноста за D2D заштита на податоци, neoCloud располага со скалабилна, роботизирана LTO библиотека опремена со уреди кои работат со LTO-6 Ultrium ленти.
  • Систем за безбедност базиран на Next Generation Firewall-и
  • Софтвер за управување со ИТ инфраструктурата, автоматизцијата и оркестрацијата

Управувањето со neoCloud инфраструктурата како и провизионирањето на услуги на корисниците е централизирано, и е базирано на:

  • VMware vCloud Director, VMware vCloud Automation Center
  • HP Matrix Operating Environment (MOE)
  • HP Cloud Software Automation (CSA)

Употребата на овие алатки за управување, овозможува целосна контрола на работењето на системот од страна на тимот одговорен за управување со neoCloud. Од друга страна на корисникот му се овозможува едноставен пристап до потребните ресурси преку интуитивен портал на кој корисникот ќе може самостојно и едноставно да управува со истите.

VMware Cloud Director овозможува комплетна одвоеност на клиентите во cloud инфраструктурата користејќи firewall-и, load-balancer-и и рутери. Сепак, како дополнување на основната безбедност во neoCloud се користат Next Generation Firewall-и од производителот Palo Alto Networks, со што се овозможува заштита на највисоко (апликативно) ниво. Покрај ова помеѓу neoCloud и интернет провајдерот Неотел, поставени се DDoS уреди за заштита од дистрибуирани напади.

Дата центрите во Скопје и во Штип опремени се согласно критериумите за обезбедување на високадостапност и сигурност за хостирање на ИКТ опрема

  • Редундантни уреди за непрекинато напојување
  • Дизел агрегат
  • Противпожарна дојава и заштита
  • Редундатен систем за ладење
  • 24h мониторинг на сите параметри (температура, влажност, присуство на вода, проток на воздух итн.)
  • Видеонадзор
  • Контрола на пристап

Покрај мерките за висока достапност кои се овозможени со репликацијата на податоците помеѓу двата дата-центри (DR сценарио), конфигурациите на neoCloud опремата, во секој од дата-центрите одделно, се изведени како високодостапни (НА). Имено, постои редундантност на секоја хардверска компонента во системот со што истиот е реализиран без ниту една единствена компонента чија неисправност би предизвикала застој во нормалното функционирање, односно No-Single-Point-of-Failure (NSPoF).

Log in