Microsoft 365 услугата, претходно позната како Office 365, е достапна и преку neoCloud. Работете од каде било во кое било време на сите ваши уреди. Притоа, не грижете се за достапноста и безбедноста на податоците, како и навремени софтверски ажурирања. Microsoft 365 е достапен во повеќе пакети зависно од Вашите или потребите на Вашата огранизација.

Работете од каде било во кое било време

Тоа што сте надвор од Вашата канцеларија повеќе не Ве ограничува во работата. Microsoft 365 овозможува да работите со Вашите Microsoft апликации и алатки од каде било во кое било време, без разлика дали сте поврзани во мрежа или работите локално на некој од Вашите уреди. Сите апликации се ажурирани со нивните последни верзии и се секогаш лесно пристапни, со цел беспрекорно корисничко искуство.

Сите апликации и алатки на едно место

Microsoft 365 ги обезбедува сите Office алатки, електронска пошта и календари, кои се постојано синхронизирани и лесно пристапни. Со помош на Microsoft Teams направете подобра организација во Вашиот тим. Никогаш повеќе не пропуштајте некој состанок, со помош на аудио/видео конференциите. Дополнително, пристапете до Вашите податоци од кој било уред и работете на документите со Вашите колеги истовремено.

Безбедност на податоците

Microsoft 365 овозможува безбедност од највисоко ниво, вклучувајќи антивирусна и анти-спам заштита, со загарантирано 99.9% време на достапност. Податоците се обезбедени со користење на BitLocker енкрипција, SSL/TLS преку HTTP, и IRM на податочните библиотеки. Дата центрите на Microsoft се распределени на повеќе локации и се глобално редудантни со имплементирано disaster recovery решение.
Контакт

За останатите услуги од портфолиото на Microsoft Cloud услугите и Microsoft Azure

Испратете барање и набрзо ќе бидете контактирани од нашиот продажен тим.

Business

Microsoft 365 Business пакети

Споредете ги Microsoft 365 Business пакетите и одберете го оној кој Вам најмногу Ви одговара


Microsoft 365
Apps
Microsoft 365
Business Basic
Microsoft 365
Business Standard
Microsoft 365
Business Premium
Вклучени Office апликации       Веб и мобилни веризии на Word, Excel и PowerPoint            
Вклучени Cloud услуги              
Десктоп верзија на Office апликации
Вклучува PC и Mac апликации за до 5 уреди по корисник
Техничка помош и поддршка
Вклучена Microsoft и neoCloud поддршка и помош при инсталација и миграција
Веб и мобилни верзии на Office апликации
Можност за инсталација на 5 мобилни уреди и 5 таблети по корисник
Податочен простор и споделување
1TB OneDrive по корисник
Тимска работа и комуникација
Online состаноци, видео повици, чет и споделување соджини со тимови
Електронска пошта и календар
50GB сандаче по корисник
Безбедност и усогласеност
Вклучува заштита од spam, malware и познати закани
Алатки за управување со работата
Креирање задачи и закажување состаноци преку Teams, Lists и Bookings
Напредна заштита
На податоци и од напредни закани, архива на Exchange Online
Управување со уреди
Windows 10 компјутери и iOS/Android мобилни уреди
Повеќе информации
Месечна претплата 500,00 ден. 300,00 ден. 750,00 ден. 1200,00 ден.
Сите функционалности се достапни во овој пакет.
Некои функционалности не се вклучени во овој пакет. За повеќе детали, отворете ги линковите во ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ.

Microsoft 365 Business пакетите се лимитирани на 300 корисници во една организација.
Официјалната табела за споредба на Microsoft 365 Business пакетите може да ја најдете на следниот линк.

Сите цени се без вклучен ДДВ од 5%.

Log in