Сертификации и членства

neoCloud континуирано инвестира во едукацијата и сертификацијата на своите вработени, но во исто време и сертификација на самата компанија според меѓународните ИСО стандарди.

VMware IaaS Powered
Cloud28+
neoCloud е сертифициран VMware Infrastructure as a Service Powered сервис провајдер, дел од VMware Cloud Provider Program, со што потврдуваме дека ја поседуваме потребната технологија за cloud инфраструктура. VMware Cloud Provider Program екосистемот е составен од над 4000 провајдери, лоцирани во повеќе од 100 земји ширум светот. Cloud28+ претставува агрегиран сервисен каталог составен од повеќе cloud провајдери од над 28 европски земји. Нуди портфолио на безбедни cloud понуди со највисоко ниво на SLA (Service Level Agreements). Работи во согласност со локалните и европските регулативи за безбедност и приватност на податоците.
ISO 9001:2008
ISO 27001:2013
Со цел да им се понуди професионална и квалитетна услуга на клиентите поседуваме и ISO 9001:2008 сертификат за Cloud Computing Services, според дефинирани процеси и процедури. Сертификатот ISO 27001:2013 ги потврдува и приоритетите на neoCloud за безбедноста на информациите, односно доверливите податоци на клиентите и самата компанија, како и интелектуалната сопственост и севкупниот посед.
ISO 20000-1:2011
ISO 14001:2015
Со ISO 20000-1:2011 сертификатот ја потврдуваме нашата посветеност кон потранспаретни услуги за крајните корисници. Се грижиме за животната средина преку имплементираниот стандард ISO 14001:2015 за управување со животната средина .

 

Log in