Sophos

neoCloud обезбедува Managed Service Provider (MSP) услуги за безбедност базирани на Sophos, фокусирајќи се на испорака на сеопфатни решенија за сајбер-безбедност на организациите. Користејќи ги напредните технологии на Sophos, нудиме услуги како што се заштита на крајните точки, мрежна безбедност, филтрирање на е-пошта и безбедност на веб.

Овие услуги се дизајнирани да ги заштитат бизнисите од еволуирачки сајбер закани додека обезбедуваат следење и управување во реално време. Со алатки за одговор на инциденти и разузнавање за закани, организациите можат да одржуваат цврсти безбедносни позиции, да се усогласат со прописите и ефикасно да ги ублажат ризиците.

ОписEndpointE-mailNetworkManaged Sophos

Безбедносните решенија и услуги на Sophos се наградувани за заштита на крајни точки и закани на мрежа, на кои им веруваат повеќе од половина милион клиенти ширум светот. Причините зошто го избравме Sophos за заштита на нашите клиенти:

Докажан
Sophos е позициониран 15 пати последователно како лидер во Gartner Magic Quadrant за платформи за заштита на крајни точки.

Доверлив
Единствениот производител кој е именуван во Gartner Customers’ Choice за следните категории – Заштита на крајни точки, мрежни заштитни ѕидови, мобилни закани и MDR.
Лидер
Sophos е единственото безбедносно решение именувано како G2 Leader во Endpoint Protection, EDR, XDR, MDR и Firewall.

Sophos Synchronized Security

Sophos нуди синхронизирана безбедност каде што сите решенија за крајни точки, мрежа, мобилни, Wi-Fi, е-пошта споделуваат информации во реално време и автоматски одговараат на инциденти:

  •  Изолација на инфицирани крајни точки, блокирајќи го ширењето од уред на уред
  •  Ограничување на Wi-Fi за мобилни уреди кои не се усогласени
  •  Скенирање на крајните точки по откривање на компромитирани поштенски сандачиња
  •  Идентификација на сите апликации во мрежата

Sophos Sync Security

Sophos Central

Sophos Central нуди централизирано безбедносно управување и операции преку еден портал за сите производи – од контролни табли до управување со политики и уреди. Threat Analysis Center е моќна алатка во Sophos Central која помага да се увидат, истражат и да се одговори на заканите.

Sophos Central

Решенијата за заштита на крајни точки на Sophos ги штитат сите ваши уреди и оптоварувања: крајни точки, мобилни уреди, инстанци во облак или локално, како и виртуелни сервери.


Запрете ги ransomware, малициозните софтвери, експлоатирања и другите закани со водечка заштита во индустријата.


XDR (Extended Detection and Response) способностите се комбинираат со заштита на крајни точки во едно решение за откривање, истражување и одговор.


Обезбедете го вашиот облак, во просториите и виртуелните сервери од најновите закани за сајбер безбедноста.


Зголемете ја продуктивноста на корисниците и безбедноста на податоците со мобилната заштита која е лесна за конфигурирање, управување и одржување.


Решението за заштита на е-пошта од Sophos ги штити вработените и критичните информации од малициозен софтвер, како и од обиди за фишинг и лажно претставување без пристутен малициозен софтвер. Освен за заштита на локалните серверите за е-пошта, Sophos Email се интегрира со Microsoft 365 за неколку минути, заштитувајќи ги корисниците побрзо, отклучувајќи ја видливоста од крај до крај низ вашиот целосен Microsoft 365 пакет со Sophos XDR.

Спречување на надворешни измамници
Автоматски идентификувајте високoпрофилни корисници од лажно претставување без пристутен малициозен софтвер и напади кои ја компромитираат деловната е-пошта, а потоа блокирајте го нападот со анализа на содржината на пораките со машинско учење.
Пропуштање на доверливи испраќачи
Проверете ги сите испраќачи без блокирање на легитимната е-пошта користејќи техники за SPF, DKIM и DMARC автентикација и анализа за аномалија на header од порака.
Спречување малициозен софтвер
Повеќеслојната заштита користи повеќе од 35 години искуство во разузнавање на закани, анализа на репутацијата и однесувањето, како и најсовремено машинско учење за да се елиминираат малициозниот софтвер и злонамерните URL-адреси да пристигнат до сандачињата.
Заштита после испорака
Автоматски отстранете ги фишинг пораките што содржат новоинфицирани URL-адреси штом се промени состојбата на заканата преку континуирано следење на поштенските сандачиња на Microsoft 365.

Портфолиото за безбедност на мрежата на Sophos обезбедува сѐ што ви треба за да ја поврзете вашата модерна дистрибуирана мрежа – централната и прериферната мрежа.


Заштитниот ѕид од следната генерација со моќна заштита и перформанси за мрежите е достапен на хардверот од серијата XGS, како виртуелен или софтверски уред и на платформите во облак.

Вклучува цел опсег на пристапни точки за Wi-Fi 6/6E управувани од облак и нуди скалабилност со високи перформанси, едноставно поставување и Active Threat Response за блокирање на компромитирани уреди низ мрежата.


Мрежни преклопници управувани од облак со кои се обезбедува поврзување, напојување и контрола на пристапот на уредите на периферијата на мрежите, овозможувајќи VLAN сегментација и QoS.


Zero Trust Network Access (ZTNA) ја подобрува сегментацијата, безбедноста и видливоста од традиционалниот VPN пристап, притоа транспарентно го олеснува поврзувањето на крајните корисници со важни деловни апликации и податоци.


Достапно и безбедно SD-WAN VPN поврзување, достапно за малопродажба, експозитури, оддалечени локации, индустриски контроли и уреди за IoT.


Голем дел од компаниите не можат да ги одржат безбедносните решенија кои ги користат, главно поради недостаток на персонал или експертиза низ целата инфраструктура која е изложена на сајбер закани.

Како составен дел од решенијата и услугите на Sophos, neoCloud нуди можност за целосно управување со безбедносната положба на нашите клиенти преку Sophos Central. Нашето искуство од работењето со големи корисници, како и имплементираните стандарди, ни овозможуваат да им помогнеме на нашите клиенти со следните организациски и технички барања како дел од услугата:

  •  Идентификација на изложеност на сајбер закани и дефинирање на најдоброто решение за заштита
  •  Креирање и одржување на безбедносни политики за сите производи на Sophos според најдобрите практики
  •  Инсталација и конфигурација на крајни точки и уреди со интеграција со други системи во инфраструктурата или облакот
  •  Мониторинг за безбедносни закани и одговор на инциденти

Покрај управувани услуги од neoCloud, друга опција е да се аутсорсираат операциите за сајбер безбедност со Sophos Managed Detection and Response (MDR) услугите. Sophos MDR е управувана безбедносна услуга која ви овозможува да ги завршите вашите безбедносни и деловни цели:

  •  Инстант безбедносен оперативен центар (SOC)
  •  Откривање и одговор на закани 24/7
  •  Лов на закани предводени од експерти
  •  Можности за сеопфатен одговор на инциденти
  •  Продолжете да го користите софтверот за сајбер безбедност кој веќе го имате
  •  Прилагодете го нивото на услуга на Вашите специфични потреби

Log in