Изјава за политика за управување на услуги
Неоком АД Скопје, како лидер во областа на ИКТ производи и услуги во Република Северна Македонија, е посветен на ефективно и ефикасно испорачување на квалитетни услуги и целосно задоволување на барањата на своите купувачи. За успешно остварување на нашата цел воспоставивме и одржуваме Систем за управување со услуги (SMS), базиран на барањата на стандардот MKC ISO/IEC 20000-1:2018, во целост интегриран со барањата на веќе постоечките системи за менаџмент со квалитет (MKC EN ISO 9001:2015), менаџмент на животната средина (MKC EN ISO 14001:2015), управување со безбедност на информациите (MKC ISO/IEC 27001:2013) и деловна непрекинливост на системот (MKC EN ISO 22301:2012).
Наша мисија е да додадеме вредност на нашите клиенти. Ова го постигнуваме со постојано подобрување SMS и услугите кон нашите клиенти со:
- – одржување и подобрување на нивото на испорака на услугите;
- – оптимизација на инфраструктурните можности, заради одржливо ниво на услугите што ги задоволуваат барањата за бизнисот;
- – управување со способноста за обезбедување на потребното ниво на услуга по настанат прекин;
- – управување со перформансите на човечките и техничките ресурси;
- – управување со трошоците потребни за задоволување на барањата на клиентите;
- – управување со проблемите и инцидентите преку дијагностицирање на суштинските причини за нивна појава, како секојдневен процес при што се обновува нормалното ниво на услуги со минимално влијание на бизнисот;
- – ефективно управување со сите промени преку примена на стандардни методи и процедури;
- – управување со воведувањето преку тестирање и верификација;
- – преглед на ИТ инфраструктурата и ИТ услугите што се испорачуваат;
- – обезбедување дека постојано сме на располагање на нашите купувачи.
Во нашиот SMS секој вработен е одговорен за постојано подобрување на квалитетот на нашите процеси, производи и услуги.
Неоком АД Скопје, расте со своите купувачи и е фокусиран на обезбедување на квалитетни услуги и задоволување на барањата и потребите на купувачите. Ние се обврзуваме континуирано да го одржуваме и подобруваме воспоставениот Систем за управување со услуги со континуирано исполнување барањата од стандардот ISO 20000-1:2018, што ќе обезбеди постојано подобрување на нивото на услуги кон купувачите.
Март 2020 година