Virtual Data Center (VDC)
Powered by
Подигнете ја Вашата инфраструктура со нашата врвна Virtual Data Center услуга, IaaS решение кое работи на VMware Cloud Foundation и овозможено од VMware Cloud Director. Дизајнирана за бизниси кои се стремат да ја подобрат агилноста и приспособливоста, нашата платформа нуди стабилна средина за беспрекорно поставување, управување и скалирање на апликации.
Со VDC, добивате пристап до повеќечлена архитектура што ја оптимизира распределбата на ресурсите и ја максимизира ефикасноста. Нашата услуга Ви дава можност да создавате виртуелни дата центри приспособени на Вашите специфични потреби, притоа осигурувајќи дека имате флексибилност да ги зголемувате или намалувате ресурсите како што бара Вашиот бизнис.
Искусете неспоредлива безбедност, висока достапност и перформанси со нашите интегрирани алатки за автоматизација и оркестрација. Уживајте во едноставен кориснички интерфејс кој им овозможува на Вашите тимови брзо да обезбедуваат ресурси, овозможувајќи побрзо време за развој на Вашите апликации.
Во VDC корисниците добиваат множество на процесирачки, податочни и мрежни ресурси, кои може да ги употребуваат според своите потреби, без притоа да побаруваат провизионирање, конфигурирање и менување од страна на провајдерот. VDC е повеќечлена платформа во која корисниците се меѓусебно изолирани и имаат целосна контрола врз своите системи и податоци.
Главните предности и придобивки на VDC се:
Порталот на VDC овозможува целосно управување со процесирачките, податочните и мрежните ресурси, со функционалности кои се детално опишани во останатите табови од оваа страна. Во поглед на општи функционалности, порталот овозможува:
- Мониторинг и аналитика на искористени ресурси во вирутелниот дата центар и поединечни виртуелни машини
- Контрола на пристап со role-based access controls (RBAC) за управување на кориснички привилегии и интеграција со Identity Provider решенија (SAML и OIDC)
- Ревизорска трага преку детални логови за кориснички активности и настани за исполнување на ревизорски и регулаторни барања
- API интеграција каде сите процеси и операции може да се автоматизираат и интегираат со надворешни решенија (Infrastrcuture as Code платформи, SIEM и SOAR решенија, итн.)
Процесирачките и податочните ресурси во виртуелниот дата центар може да се употребуваат според потребите на корисникот, притоа имајќи целосна контрола врз управување со системите кои се поставени. Корисниците може да имаат еден или повеќе виртуелни дата центри, на една или повеќе физички локации.
Главните функционалности на VDC поврзани со процесирачки и податочни ресурси се:
- Целосно провизионирање на виртуелни машини или поставување од предефинирани шаблони во каталог
- Управување со сите конфигурациски параметри на виртуелни машини: процесор, меморија, дискови, мрежни адаптери, TPM, итн.
- Пристап до конзола на виртуелни машини преку HTML прелистувач
- Групирање на виртуелни машини во логичка целина (vApp) со контрола на редослед на вклучување и исклучување, привилегии, пристап до мрежи итн.
- Можност за дефинирање на правила за афинитет кои овозможуваат групирање и разделување на виртуелните машини на физичките сервери
- Контрола врз креирање и бришење на snapshots на виртуелни машини
- Избор на податочни полиси со различни перформанси на софтверски дефинирани или mission-critical податочни системи
- Можност за создавање на независни виртуелни дискови кои можат да се прикачуваат на една или повеќе виртуелни машини
Платформата на VDC овозможува конзумирање на мрежни и безбедносни сервиси во рамките на виртуелниот дата центар со целосна контрола врз управување со мрежните параметри, безбедносните правила и пристап.
Главните функционалности на VDC поврзани со мрежа и безбедност се:
- Целосна контрола врз создавање на софтверски дефинирани мрежи со сопствени мрежни класи, интегриран DHCP сервер или автоматско постаување на статички IP адреси во оперативниот систем на виртуелните машини
- Создавање на различни типови на мрежи во зависност од потребите – рутирани преку периметарски уред (Edge), изолирани во рамките на виртуелниот дата центар или vApp, директно поврзани мрежи наменети за податочно поврзување
- Изолиран и дедициран софтверски периметарски уред, наречен Edge, со голем број на функционалности – Firewall, NAT, IPSec VPN, L2 VPN, статички рути и поврзување со надворешни мрежи
- Можност за поставување на виртуелни уреди од други производители со Next-Generation Firewall можности, пример Palo Alto Networks и Sophos, како и Load Balancer, VPN и други мрежни решенија
- Групирање на повеќе виртуелни дата центри во една целина каде софтверските дефинираните мрежи се раширени на повеќе физички локации
VDC Backup & DR е надополнување на VDC во делот на професионален бекап и бизнис континуитет. Со вклучување на оваа дополнителна услуга, клиентите добиваат професионално решение за бекап и репликација на изнајмената виртуелна инфрструктура во neoCloud. Решението е заштитено од Veeam®, кое е најнапредното решение за заштита на податоци во виртуелни околини. Главни карактеристики на решението се:
Подобрена со Backup Immutability, услугата добива многу важна функционалност која драстично ќе придонесе за зголемување на безбедноста на податоците складирани во neoCloud. Преку оваа функционалност, резервните копии зачувани во нашите складишта нема да бидат променети или избришани, случајно или намерно, сѐ додека не истече нивното зададено време за складирање.
Главните функционалности на решението кои накратко би ги издвоиле се:
- Интегириран интерфејс во VDC порталот со целосна контрола врз задачите за резервни копии, враќање на податоци, мониторинг и извештаи
- Дуплицирање на резервни копии на две локации поради поголема безбедност на податоците
- Безбедност на податоците – безбедна и редундантна околина, гаранција од производителот за интегритет на резервните копии како и можност за енкрипција
- Можност за чување на резервна копија на лента (LTO6 и LTO9)
- Дневен инкрементален бекап кој се третира како целосен бекап
- Поддржани апликации: Microsoft Active Directory, Microsoft Exchange, Microsoft SharePoint, Microsoft SQL, Oracle Database
- Можност за враќање поединечни податоци (датотека, објект, порака, табела итн.)
Kонтактирајте со нашиот тим денес!
Имате прашања или сте заинтересирани за услугата? Повеќе информации на +389 2 55 11 222