neodoc претставува софтверска “cloud computing” услуга (SaaS) од сопствено производство. Покрај управувањето со документи, neodoc е комплетен систем за управување со бизнис процесите на компаниите, споделување на информации, колаборација и архивско работење. Системот е поставен на високодостапна и скалабилна околина, нудејќи беспрекорно корисничко искуство, од било каде, од било кој уред и во било кое време.

Пребарување
neodoc поседува уникатен систем за пребарување на потребните информации, по име на датотека, содржина во датотеката, како и по нејзините мета податоци.
Следливост
При секоја промена на документите истите се верзионираат. Преку интегрираните работни процеси документите никогаш не може да се изгубат или заборават.
Безбедност
Околината во која се чуваат податоците е безбедна во поглед на вируси (како на пример cryptolocker), неовластени пристапувања и модификации.
Електронска архива
Едноставен и брз пристап до архивираните информации. Деловодник според актуелните законски регулативи со класификација на влезно/излезните документи.

Придобивките од користењето на neodoc услугата се многубројни, но накратко би ги издвоиле следниве:

  •   Складирање и организирање на целата документација на компанијата во еден единствен систем
  •   Намалување на времето потребно за пребарување
  •   Намалување на трошоците потребни за архивирање и управување со документите
  •   Овозможено користење на бизнис процеси (workflows) за проследување на документи и лесно следење на истите
  •   Покривање на законски пропишаното деловодничко работење во архива со запазување на сите законски регулативи и норми
  •   Мобилност – пристап од било каде во било кое време
  •   Поголема заштита на околината
Контакт

Сакате да нарачате пакет од neodoc услугата?

Испратете барање и набрзо ќе бидете контактирани од нашиот продажен тим.

ПакетиДедициранаФункционалностиГалеријаДокументиДемо

Нарачајте ја услугата neodoc во дедицирана околина и добијте неограничен број на корисници и неограничен простор за складирање на Вашите податоци.

За повеќе информации контактирајте нѐ директно на:
Тел:    +389 (0)2 55 11 222
Email:    sales@neocloud.mk

Контакт

Нарачајте ја услугата neodoc во дедицирана околина и добијте неограничен број на корисници и неограничен простор за складирање на Вашите податоци.

За повеќе информации контактирајте нѐ директно на:
Тел:    +389 (0)2 55 11 222
Email:    sales@neocloud.mk

Контакт

Платформа
  • Следење на искористен простор
  • Креирање на неограничен број на сајтови
  • Креирање на неограничен број на групи
  • Закажување настани во календар
  • Започнување на дискусии со останатите корисници
  • Следење на активностите од сите корисници, филтрирано според тип на активност или датум
  • Едноставно и напредно пребарување со можност за зачувување на поимите за пребарување кои често ги пребарувате
  • Blog функционалности
  • Wiki функционалности
  • Корпа за отпадоци (со можност за враќање на избришани датотеки)
  • Перманентно бришење на 7 дена
  • Енкрипција на документите

Управување со документи
  • Логичко организирање на содржините по бизнис ентитети и привилегии во сајтови
  • Приватни документи за секој корисник
  • Заеднички документи за цела организација
  • Windows Explorer приказ на документите
  • Прилагодливи прикази
  • Drag and Drop прикачување на документи директно од Windows клиентски компјутери
  • Препознавање на тип на документ
  • Преглед на содржината на документите без да бидат преземени или отворени
  • Уредување на документите
  • Управување со својствата на документите
  • Класификација на документите според степен на доверливост
  • Поставување на привилегии за пристап и манипулација на документите
  • Поставување на тагови за класификација и полесно пребарување
  • Мета-податоци на документите за полесна класификација, управување и пребарување
  • Верзионирање на документите со запис за секоја верзија од кого и кога е направена
  • Враќање на документот во претходна верзија
  • Споделување на документите со надворешни лица преку привремени линкови
  • Додавање коментари за било кој документ доколку ги имате соодветните привилегии

Бизнис процеси
  • Предефинирани 5 бизнис процеси за управување со документи и задачи
  • Можност за поставување на сопствени бизнис процеси
  • Доделување на задачи на поединци или групи
  • Создавање на работни процеси за документ
  • Процеси со гласање и праг на успешност

Архивско работење
  • Испраќање на документ за архивирање
  • Заведување документи
  • Креирање и заведување во попис на акти
  • Генерирање на деловоднички извештаи и извештаи за попис на акти, со можност за филтрирање на резултатите
  • Креирање на деловоднички книги
  • Креирање на архивски знаци
  • Вметнување на архивски печати на документите

Нотификации
  • Нов корисник
  • Покани за приклучување на сајт
  • Доделување на задачи
  • Нови содржини и активности

Пребарување
  • Низ сите сајтови по тагови, мета податоци, име на документ и содржина во документ
  • На корисници и сајтови
  • Сугестии во пребарувањето (Google-like)
  • Напредно пребарување

До демо верзијата на neodoc може да пристапите преку следниот линк:

https://neodoc.neocloud.mk

Корисничко име Лозинка
Архива: Е-деловодник, Заведување на документ, Заведување и креирање на попис на акти Корисничко имеarhivar.admin@demo.com Лозинкаdemo@123
Продажба: Заведување на понуди, Ценовници, Промотивни и маркетинг материјали Корисничко имеsales@demo.com Лозинкаdemo@123
Финансии: Влезни и излезни фактури, биланси и извештаи, тековно благајничко заведување Корисничко имеfinansii@demo.com Лозинкаdemo@123

Log in