neoCloud Pulse

Ви го претставуваме Pulse, софтверска услуга на neoCloud дизајнирана за агенции и организации кои бараат ефикасна масовна испорака на е-пошта до клиентите и претплатниците. Pulse располага со интегриран систем кој комбинира моќна платформа за масовно доставување е-пошта со апликација за управување со билтени и мејлинг листи, при што и двете може да се користат независно за приспособени решенија. Со фокус на доверливоста и перформансите, Pulse обезбедува брза и сигурна испорака на содржина, помагајќи да се постигне инволвираност и ефективна комуникација со Вашата публика.

Pulse Post

Pulse Post е целосна платформа за масовно испраќање на е-пошта со голем број функционалности и наменета за интеграција со веб страни и апликации, преку која може да се испраќаат илјадници пораки во текот на еден час. Pulse Post може да се користи како независна услуга доколку корисникот има своја апликација која сака да ја интегрира. Типични случаи на употреба се достава на електронски билтени и маркетинг кампањи, достава на електронски фактури, известувања од веб страни и апликации, итн.

neoCloud Pulse Post

Pulse Post ги има следните функционалности за испраќање на е-пошта:

  •  Испраќање од сопствен домен со сите неопходни DNS записи
  •  Праќање на пораки преку SMTP сервер или HTTP API
  •  Управување со повеќе креденцијали по сервер со поддршка за повеќе методи за автентикација
  •  Поддршка за DKIM потпишување на пораките со цел верификација и успешна достава
  •  Вградена листа за потиснување за да се избегне праќање на пораки на приматели кои не постојат или не можат да ја примат пораката

Во поглед на веб интерфејсот, платформата ги има следните функционалности:

  •  Повеќечлена платформа каде секој корисник може да има повеќе мејл сервер и корисници за управување
  •  Графикони и статистика за количината на испратени пораки
  •  Пристап до историја на испратени пораки и целосната редица на пораки
  •  Вградена проверка за DNS записи за потврда дека сите записи се соодветно конфигурирани на доменот
  •  Креирање на веб-куки за преглед во живо на испораката на е-пошта

Pulse App

Pulse App е веб апликација за електронски билтени и маилинг листи која овозможува управување на илјадници претплатници во различни листи на кои треба да се испратат кампањи. Во интеграција со Pulse Post, се добива целосно решение со кое може да опслужи достава на содржина до голем број на претплатници. Pulse App може да се користи и како независна услуга во случај корисникот да има сопствен мејл сервер при испорака на помала количина или надворешна услуга за масовно испраќање.

neoCloud Pulse Post

Pulse App ги има следните функционалности:

  •  Едноставно управување на илјадници претплатници, кои покрај стандарните параметри како име, презиме и адреса на е-пошта може да се дополнуваат со сопствени атрибути
  •  Брзо експортирање и импортирање на претплатниците во CSV формат
  •  Креирање на приватни или јавни мејлинг листи со опција за потврда (opt-in)
  •  GDPR усогласеност со можност претплатникот да ги преземе личните податоци и избрише своите податоци (право да се биде заборавен)
  •  Креирање на кампањи со опции за рачно или закажано испраќање и објавување на јавна архива на кампањи
  •  Уредување на содржина на кампањи во вграден едитор со поддршка за различни формати (Rich text, HTML, Markdown, Plain text)
  •  Прикачување на слики за употреба во кампањи, креирање на шаблони за побрзо и поедноставно креирање на кампањи
  •  Детална аналитика и статистика на прегледи, кликови и вратени пораки – по кампања или сумарно

Log in