Неоком прослави 1 година од претставување на neoCloud

Компанијата „Неоком“, прослави 1 година од претставување на својот најнов сервис за компаниите, neoCloud. Во време кога сервисите во облакот стануваат сѐ повеќе популарни и користени во светот од огромен број на компании, Неоком покажа дека го има потребното знаење и ресурси за на корисниците од Македонија да им претстави сопствено решение.

Зошто компаниите се одлучуваат за користење на сервиси во облакот?

Ретки се компаниите кои ги имаат потребните ресурси за обезбедување на ИКТ инфраструктура. Оваа „привилегија“ е често возможна само за поголемите компании кои што и обично работат на ИТ пазарот.

Користењето на сервиси од типот на neoCloud им овозможува на компаниите пристап до инфраструктура која што нив би ги чинела огромни средства, без притоа да се земе во предвид потребата од човечки ресурси кои што би работеле на развој и одржување на истата.

neoCloud e “cloud computing” платформа базирана на виртуелизација од VMware со комплетна автоматизација и управување со помош на софтверски алатки од производителите VMware и HP. На корисниците им нуди пакет на услуги кои што вклучуваат Virtual Data Center (vDC), Disaster Recovery by Zerto (DRaaS-Z), Hosted Email Services (HES), Vehicle Enterprise Management System (VEMSYS) и повеќе.

 

Што им нуди neoCloud на корисниците?

  • Едноставност – За користење на neoCloud услугите не e потребно инсталирање на посебни апликации, статички јавни IP адреси или подесување на разни VPN-и, бидејќи неговата платформа е базирана на WEB 2.0.
  • Безбедност – Целата платформа е заштитена со Next Generation Firewall-и и DDoS уреди за заштита. Секоја комуникација е преку енкриптирани канали со помош на дигитални сертификати.
  • Пристапност – Пристапот до neoCloud е овозможен од било кој уред преку интернет прелистувач, во било кое време и од било која локација. Сѐ што е потребно е само интернет врска од клиентскиот уред.
  • Намалени трошоци – Користејќи ги услугите на neoCloud, Вашите IT трошоци се мерливи, предвидливи и транспарентни. Во neoCloud нема непредвидливи инвестициски трошоци, трошоци за одржување или лиценцирање.

 

neoCloud денес

neoCloud после 1 година од претставувањето веќе го олеснува работењето на голем број на клиенти. Изминатата година може да се сумира преку следните факти:

  • Преку 100 клиентски виртуелни машини
  • Клиенти од различна големина (големи и мали фирми; нови и веќе етаблирани; финансиски институции и државни фирми)
  • Хостирање на системот за поврзување на берзите во регионот SEE
  • Воспоставување на високо пристапен систем за брокерско тргување за Македоснката Берза
  • Членство во Cloud 28+ (Европска иницијатива за унифициран пазар на европски cloud оператори во која членуваат 100 оператори)
  • VMware IaaS Powered сертификација (под името Neocom)
  • Уникатно решение за Disaster Recovery

Преземено од Smartportal.

Log in