Политика за приватност на веб-локација
1. Општи информации
1.1. Вовед
Ви благодариме за интересот за нашата веб-локација и нашите онлајн услуги. Заштитата на личните податоците на нашите клиенти, како и на сите посетители на нашата веб-локација, е меѓу нашите највисоки приоритети.
Оваа Политика има за цел да Ве информира за обработката на Вашите лични податоци и Вашите права во врска со оваа обработка, во согласност со Законот за заштита на личните податоци и другите подзаконски акти за заштита на личните податоци.
1.2. Контролор
Ние, НЕОКОМ АД Скопје, сме контролори согласно Законот за заштита на личните податоци и како такви сме одговорни за обработката на личните податоци објаснета во оваа Политика.
1.3. Офицер за заштита на личните податоци
Доколку имате какви било прашања или забелешки во врска со оваа Политика за приватност, или општо во врска со безбедноста на личните податоци, можете во секое време да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци:
- Адреса: Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 15, Скопје
- Телефон: +38925511157
- Е-пошта: officer@neocom.com.mk
2. Обработка на Вашите лични податоци при посета на нашата веб-локација
При секоја Ваша посета на нашата веб-локација и секое користење на нашите мрежни услуги се создаваат записи. Во нив можат да бидат снимени следниве информации:
- датумот и времето на посетата
- IP адресата која моментално ја користи Вашиот уред
- видот на веб-прелистувач и оперативниот систем на Вашиот уред
- страниците до кои остварувате пристап
Овие лични податоци се собираат заради оптимизирање и подобрување на нашата веб-локација и нашите онлајн услуги. Обработката законски се заснова на легитимен интерес, имено нашиот интерес да ја заштитиме својата веб-локација и да го подобриме квалитетот на своите услуги. Дополнително, Вашите лични податоци се зачувуваат само доколку ги дадете на сопствена сметка, на пример при регистрирање, пополнување анкета, користење онлајн апликација или купување преку интернет. Имаме преземено соодветни безбедносни мерки за да се осигуриме дека податоците кои корисниците нѝ ги ставаат на располагање при регистрирање се соодветно заштитени. Овие заштитни мерки вклучуваат, меѓу други:
- криптирање
- контрола на пристап
- поделба на должностите
- внатрешна ревизија
2.1. Формулар за контакт
Доколку сакате да нѐ контактирате со какво било барање, можете да го пополните Формуларот за контакт.
Личните податоци собрани од формуларот за контакт ќе бидат обработени само во онаа мера која е потребна за одговарање на Вашето барање. Пополнувањето и доставувањето на формуларот за контакт претставува потврдно дејство со кое сте дале согласност за обработка на Вашите лични податоците.
2.2. Колачиња
За да ја направиме Вашата посета на нашата веб-локација попријатна и да Ви овозможиме употреба на одредени функции, користиме колачиња на различни страници. За дополнителни информации Ве упатуваме до нашата Политика за користење колачиња .
2.3. Подобработувачи
За обработка на Вашите лични податоци можно е да ангажираме и трети страни, односно подобработувачи, коишто можат да бидат лоцирани во или надвор од Европската Унија (ЕУ) и Европскиот економски простор (ЕЕП).
Потврдуваме дека сите вакви подобработувачи ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на личните податоците, притоа гарантирајќи соодветно ниво на заштита на личните податоците, дури и ако личните податоци се пренесени во земја надвор од ЕЕП за која не постои одлука за соодветност од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци.
Не ги пренесуваме Вашите лични податоци на подобработувачи освен во случаи во кои сме обврзани со закон. За повеќе информации во врска со соодветните заштитни мерки за меѓународен пренос на лични податоци или копија од нив, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци.
2.4. Време на чување
Личните податоци собрани преку нашата веб-локација се чуваат сѐ додека не се исполни целта за која се обработуваат. Во случаи каде што се применува рок утврден со законските одредби за трговските друштва и даноци, времето на чување на одредени податоци може да биде до 2 (две) години. Сепак, времето на чување може да се измени и заради наш легитимен интерес, на пример за да се гарантира безбедноста на личните податоци, да се спречи злоупотреба или да се гонат кривични дела.
3. Ваши права
Како субјект на личните податоци, можете да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време со известување или барање, служејќи се со податоците за контакт наведени погоре во точка 1, за да ги остварите Вашите права.
Вашите права ги вклучуваат следниве:
- право на информации и право на пристап до своите личните податоци;
- право на исправка на неточни или нецелосни лични податоци;
- право на бришење на личните податоци;
- право на ограничување на обработката на личните податоци;
- право на преносливост на податоците, односно право на добивање на своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, и право на пренос на тие податоци до друг контролор;
- право на приговор против обработката на личните податоци;
- право да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци во секое време и со тоа ја да запрете обработката на личните податоци врз основа на првично дадената согласност;
- право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.