neoDoc претставува софтверска “cloud computing” услуга (SaaS) од сопствено производство. Покрај управувањето со документи, neoDoc е комплетен систем за управување со бизнис процесите на компаниите, споделување на информации, колаборација и архивско работење. Системот е поставен на високодостапна и скалабилна околина, нудејќи беспрекорно корисничко искуство, од било каде, од било кој уред и во било кое време.

Пребарување
neoDoc поседува уникатен систем за пребарување на потребните информации, по име на датотека, содржина во датотеката, како и по нејзините мета податоци.
Следливост
При секоја промена на документите истите се верзионираат. Преку интегрираните работни процеси документите никогаш не може да се изгубат или заборават.
Безбедност
Околината во која се чуваат податоците е безбедна во поглед на вируси (како на пример cryptolocker), неовластени пристапувања и модификации.
Електронска архива
Едноставен и брз пристап до архивираните информации. Деловодник според актуелните законски регулативи со класификација на влезно/излезните документи.

Придобивките од користењето на neoDoc услугата се многубројни, но накратко би ги издвоиле следниве:

  •   Складирање и организирање на целата документација на компанијата во еден единствен систем
  •   Намалување на времето потребно за пребарување
  •   Намалување на трошоците потребни за архивирање и управување со документите
  •   Овозможено користење на бизнис процеси (workflows) за проследување на документи и лесно следење на истите
  •   Покривање на законски пропишаното деловодничко работење во архива со запазување на сите законски регулативи и норми
  •   Мобилност – пристап од било каде во било кое време
  •   Поголема заштита на околината
Контакт

Kонтактирајте со нашиот тим денес!

Имате прашања или сте заинтересирани за услугата? Повеќе информации на +389 2 55 11 222

Log in