Неоком ги претстави “cloud computing” услугите од портфолиото на neoCloud

  • Published in Некатегоризирано
  • Permalink  

Скопје, Македонија (Скопски Саем – 24.09.2014) – Денеска во конгресниот центар на Скопски Саем, Неоком го претстави neoCloud и првата достапна услуга vDC – виртуелен Дата Центар. neoCloud е бренд од портфолиото на професионални ИКТ услуги во соработка со интернет и телеком провајдерот Неотел. Целта на neoCloud e да овозможи комплетна услуга во делот на ИКТ на сите потенцијални клиенти, без разлика на нивната големина и без инвестициски трошоци на принципот на месечно изнајмување ресурси и услуги. На овој начин се овозможува поголема агилност на клиентите и нивен фокус во примарната дејност на нивниот бизнис. Преку vDC услугата клиентите имаат на располагање безбеден и високо достапен податочен центар во виртуелизирана околина. Со оваа услуга се овозможува компаниите да добијат сопствен дата центар без никакви инвестициски трошоци, додека наплатата е базирана на месечни фактури според потрошените ресурси.

Пред точно десет години го оформивме Неотел, а денеска пред јавноста Ви го презентиравме neoCloud. Со инвестиција од повеќе милиони евра, очекуваме дека neoCloud ќе се етаблира како број 1 “cloud computing” решение во Македонија, а ќе биде примамлив и за корисници надвор од републиката,” изјави г-дин. Владислав Попов, Генерален Директор на Неоком АД. “neoCloud е плод на долгогодишното искуство и високата експертиза на Неоком на полето на “cloud computing” технологиите. Секоја компонента на системот е дуплирана во два географски одделени дата центри (Скопје и Штип), кои функционираат како една целина во активен/активен режим на работа за максимална висока достапност на нашите услуги” изјави г-дин. Даме Цветковски, Директор на Продажба, Маркетинг и Системска Интеграција во Неоком АД. Понатака, г-дин. Трајче Черепналковски, Генерален Директор на Неотел ДОО изјави: “ Соработката помеѓу Неоком и Неотел ќе ни овозможи платформа за развој на нови услуги, како и поголем фокус на нашиот бизнис. Со помош на neoCloud македонските веб страни ќе ги вратиме во Македонија, каде што и припаѓаат”. На крај, г-дин. Никола Марковски, претставник од локалната канцеларија на HP изјави: “Многу сме задоволни што Неоком го одбра HP како решение за имплементација на neoCloud. Неоком е долгогодишен HP партнер и во моментов го има највисокиот партнерски статус – HP Platinum Partner. Со овој проект Неоком се приклучи на “Cloud Builder” програмата, меѓу ретките партнери во регионот за имплементација на “cloud computing” решенија базирани на HP технологија.

За Неоком
Неоком АД е лидер на македонскиот ИКТ пазар во поглед на виртуелизациски решенија, автоматизација и управување на бизнис процесите. Во поглед на “cloud computing” технологијата, Неоком е единствениот сертифициран провајдер според VSPP програмата од страна на VMware на територијата на Република Македонија. Посветеноста кон високо технолошки решенија и стручната експертиза е потврдена од страна на HP со највисоката партнерска титула – HP Platinum Partner.

Log in