Disaster Recovery as a Service (DRaaS-Z)

Powered by Zerto

DRaaS-Z претставува Disaster Recovery решение, базирано на Zerto, за репликација на виртуелни машини од on-premise инфраструктура на клиентите во дедициран виртуелен дата-центар. Услугата овозможува RPO во секунди и минути, наместо во часови и денови. Сите сегменти на решението може да се управуваат од страна на клиентите, обезбедувајќи целосна контрола, како и увид во заштитата, односно RPO. Главните предности на DRaaS-Z се:

Намалени трошоци
Со DRaaS-Z се избегнува потребата од инвестирање и оперирање со дедициран дата-центар за Disaster Recovery и управување со комплексно решение за бизнис континуитет. Корисниците на услугата плаќаат за количеството на реплицирани податоци, освен во случај на failover кога се наплатуваат и искористените ресурси.
Непрекината репликација
Наместо репликација со snapshot-и, решението континуирано ги реплицира сите информации кои треба да се запишат на податочниот систем на корисникот со реплицираната локација кај операторот. Со тоа се овозможува репликација во речиси реално време.
Независно од хардвер
Решението е комплетно независно од хардверот кај корисникот и операторот, ги поддржува сите типови на податочен систем, вклучувајќи Storage Area Network (SAN) и Network-Attached Storage (NAS), и виртуелни дискови како Raw Device Mapping (RDM), VMware File System (VMFS) и Virtual Hard Disk (VHD).
 
Автоматизација на процеси
Сите процеси кои му се овозможени на корисникот, како што се failover, failback и тестирање, се автоматизирани и се активираат со еден клик. Со тоа драстично се поедноставува и забрзува воспоставување на бизнис континуитетот.

Решението е достапно за виртуелни околини базирани на VMware vSphere и Microsoft Hyper-V*.

Придобивките од користењето на DRaaS-Z услугата се многубројни, но накратко би ги издвоиле следниве:

  •  Поддршка за mission-critical апликации – интеграција со VSS за конзистентна репликација на системите со апликации
  •  Намалување на трошоците и комплексноста на ИТ операциите
  •  Континуирана репликација до 5 дена, со можност да се зачуваат повеќе дневни, неделни и месечни примероци во форма на бекап
  •  Безбедност – Репликација на податоците преку Site to Site IPSec VPN помеѓу инфраструктурата на корисникот и vDC
  •  Поддршка за сите напредни функционалности од VMware и Microsoft, како на пример vMotion и Live Migration

Контакт

Сакате да ја нарачате DRaaS-Z услугата?

Испратете барање и набрзо ќе бидете контактирани од нашиот продажен тим.

ЦеновникТехнички описГалеријаДокументи

Цени за DRaaS-Z услугата


Единица Месечна Цена
Репликација на виртуелна машина 1 4.375,00 ден.
Количина на реплицирани податоци* (GB) 10 83,00 ден.

Во цената се вклучени процесорски и мемориски ресурси до пет денa во месецот за тестирање на DR сценарио, како и IPSec VPN помеѓу изворната локација за репликација и виртуелниот дата-центар.
Во случај на failover сценарио, ресурсите се наплатуваат по ценовникот за Виртуелен процесор и Виртуелен RAM од услугата VDC.
*Количеството на реплицирани податоци е големината на податоците во самата реплицирана виртуелна машина каде дополнително околу 10% се додаваат за journal.

Сите цени се со вклучен ДДВ од 5% и важат за договор на една година.

neoCloud DRaaS-Z услугата е составена од следниве компоненти во инфраструктурата на клиентот:

  • Виртуелен уред Virtual Replication Appliance (VRA) кој е инсталиран на сите хостови за виртуелизација во виртуелната инфраструктура на клиентот и ја врши репликацијата на виртуелни машини
  • Zerto Virtual Manager софтверот за управување и конфигурација на репликација кој се поврзува со соодветниот виртуелен уред во виртуелниот дата-центар;
  • vCenter Server/SCVMM додаток за поедноставно управување и следење на репликација.

Компоненти на услугата во neoCloud се:

  • Виртуелен дата-центар – изолирана средина на корисникот, каде што виртуелните машини се реплицираат (neoCloud VDC услугата) која е составена од ресурси (CPU, RAM, HDD), една или повеќе приватни мрежи, дедициран firewall/router и други компоненти;
  • Виртуелен уред Zerto Cloud Connector во VDC што врши поврзувања помеѓу ZVM кај корисникот и ZVM кај операторот;
  • Јавен портал за менаџмент и мониторинг на репликација и автоматизација на различни процеси.

neoCloud DRaaS-Z е услуга базирана на Zerto Virtual Replication решение за Cloud провајдери кое овозможува директна интеграција на vSphere/Hyper-V и vCloud, така што клиентите ќе можат да ги заштитат нивните виртуелни околини во cloud. Решението се интегрира на ниво на хипервизор со користење на VRA (Virtual Replication Appliance) на двете страни, како кај корисникот така и кај провајдерот, со што се обезбедува речиси zero-time репликација. Репликацијата не работи со snapshot-и, затоа е континуирана и без никакво влијание врз ефикасноста на виртуелни машини, без разлика на нивната големина или на нивното оптоварување. Решението овозможува репликација од и до било кој податочен систем.
 
Корисничките on-premise виртуелни машини се реплицираат на VDC на корисникот, хостирани во neoCloud VDC услуга, со што се обезбедува единствен портал за управување на сите работни задачи, без разлика дали тие се за DR или едноставно се наоѓаат во cloud.
 
Zerto Self-Service порталот е објавен од страна neoCloud и може да се користи од страна на корисникот за да ја конфигурира и контролира репликацијата и работните задачи како и за следење на репликација и тековното RPO време. Корисникот, исто така, може да го инсталира приклучокот на vCenter Server plugin за управување и следење на реплицираните работни задачи.
 
Услугата обезбедува до 7 дена point-in-time враќање на записи, со способност за дополнително зачувување на дневна, неделна и месечна основа во форма на бекап. Оваа функција овозможува neoCloud DRaaS- Z услугата да служи како резервна копија на инфраструктурата бидејќи failback на инфраструктурата на корисникот е дел од решението.
 
Можноста за интеграција со Microsoft VSS гарантира за конзистентноста на mission-critical апликациите како што се SQL Server, Exchange Server, Oracle и било кои други апликации кои имаат интеграција со VSS.
 
Оваа услуга обезбедува автоматско тестирање, кое симулира DR во изолираната средина (нема влијание врз on-premise инфраструктура) и го потврдува успехот на процесот. Од ова може да се генерира извештај за усогласеност и стандардизација според бараните цели.
 
Во случај на непредвидени катастрофи, префрлувањето на нова локација е задача која што се завршува со еден клик, го автоматизира процесот на подигнување на VMs или vApps, ги конфигурира мрежите и извршува други конфигурациски задачи. Исто важи и за процесот на враќање на постоечката локација, без разлика дали се работи за нова или за постоечка.
 
neoCloud DRaaS-Z може да се користи само за репликација на виртуелни машини во VMware или Microsoft виртуелни околини или приватни cloud околини, кои имаат ги имаат соодветните софтвери за управување на виртуелната околина – vCenter Server* и SCVMM**.
 
*Минимална поддржана верзија е VMware vSphere 4.0 Update 1.
**Минимална поддржана верзија е Microsoft System Center 2012 R2 with VMM.

Барање за користење на neoCloud услуга
Продуктна информација

Log in