Cloud Computing

“Cloud Computing” е модел кој по потреба овозможува едноставен мрежен пристап, до сеприсутен збир на заеднички и лесно прилагодливи компјутерски ресурси (нпр. мрежа, сервери, дисков простор, апликации и други услуги) кои можат брзо да бидат доделени и одземени со минимален управувачки напор или интеракција на провајдерот. “Cloud” моделот се состои од пет основни карактеристики, три услужни модели и четири модели на изведба.The NIST Definition of Cloud Computing - Peter Mell - Timothy Grance

5Основни карактеристики

Самопослужување
Корисникот може еднострано и автоматски да провизионира компјутерски ресурси, како процесирачко време и дисков (мрежен) простор по потреба, без инволвирање на човечка интеракција со провајдерот на услугата.
Широк пристап на мрежата
Ресурсите се достапни преку компјутерска (интернет или локална) мрежа користејќи стандардни механизми, кои овозможуваат користење на хетерогени “thin” тенки или “thick” дебели клиент платформи (пр. мобилни телефони, таблети, лаптопи и работни станици “workstations”).
Заеднички ресурси
Компјутерските ресурси на страната на провајдерот се групирани со цел да служат на повеќе корисници преку користење на multi-tenant модел, со различни физички и виртуелни ресурси, динамично доделени и прераспределени во согласност со побарувачката на корисниците. На корисникот на услугата не му е позната точната локација од каде се овозможени ресурсите на провајдерот и нема контрола на истата , но корисникот би можел да ја одреди локацијата со повисоко ниво на апстракција (пр. држава, регион, дата центар). Како примери на ресурси се подразбираат: дисков простор, процесирање, меморија и мрежен пропусен опсег “bandwith”.
Флексибилност
Ресурсите можат да бидат еластично доделени и одземени, во некои случаи и автоматски, со цел да се постигне брза надворешна и внатрешна пропорционалност на истите со побарувачката. На корисникот, ресурсите достапни за доделување најчесто му се прикажуваат како неограничени и може да бидат присвоени во било која количина и време.
Измерени услуги
Cloud системот автоматски ги контролира и оптимизира ресурсите кои се користат, со проширување на мерните можности на некое ниво на апстракција соодветно на видот на услугата (пр. дисков простор, процесирање, пропусен опсег “bandwidth” и активни кориснички профили). Искористеноста на ресурсите може да биде мониторирана, контролирана и евидентирана, обезбедувајќи транспарентност помеѓу двете страни, од едната провајдерот и потрошувачот на искористената услуга (сервис) од другата страна.

3Модели на услуги

Софтвер како сервис (SaaS)
Доделената услуга на корисникот е користење на апликации кои се во сопственост на провајдерот и кои работат на cloud инфраструктура . Апликациите можат да се пристапат преку различни tick или преку thin “тенки” клиентски уреди дополнително користејќи веб прелистувачи (пр. веб базиран e-mail) или некој програмски интерфејс. Корисникот не ги управува или контролира основите на cloud инфраструктурата вклучувајќи мрежа, сервери, оперативни системи, дисков простор или индивидуалните можности на апликацијата, со исклучок на некои специфични кориснички подесувања во самата апликација.
Платформа како сервис (PaaS)
Доделената услуга на корисникот му овозможува да изработува сопствени апликации или развива преземени апликации креирани со помош на програмски јазици, библиотеки, сервиси и алатки поддржани од страна на провајдерот. Корисникот не управува и не ја контролира постоечката cloud инфраструктура вклучувајќи мрежа, сервери, оперативни системи, или дисков простор, но има контрола над поставените апликации и можни конфигурациски подесувања за околината во која апликацијата е хостирана.
Инфраструктура како сервис (IaaS)
Доделената услуга на корисникот му обезбедува процесирање, дисков простор, мрежа и други фундаментални компјутерски ресурси каде корисникот е во можност да поставува и извршува произволен софтвер, кој може да вклучува оперативни системи и апликации. Корисникот не ја управува и не ја контролира постоечката cloud инфраструктура, но има контрола над оперативниот систем, дисковиот простор, и поставените апликации и можна ограничена контрола над одбрани мрежни компоненти (пр. Firewall, load balancer, antivirus итн.).

4Модели на изведба

Приватен cloud
Cloud инфраструктура е предвидена за ексклузивно користење од страна на една компанија, која може да се состои од повеќе потрошувачи (пр. деловни единици). Истата може да биде во сопственост, раководена и управувана од страна на: самата организација, од трета страна, или комбинација од двете, и согласно тоа може да егзистира во рамките на компанијата, но и надвор од неа.
Community cloud
Овој тип на инфраструктура е предвиден за ексклузивно користење од страна на специфична група на корисници од некоја организација кои работат на некои заеднички проблематики (пр. мисија, безбедносни барања, политика). Истата може да биде во сопственост, раководена и управувана од страна на: една или повеќе организации во самата заедница, од трета страна , или комбинација од двете, и согласно тоа може да егзистира во рамките на компанијата, но и надвор од неа.
Јавен cloud
Претставува Cloud инфраструктура предвидена за отворено користење од страна на пошироката јавност. Може да биде во сопственост, раководена и управувана од страна на бизнис, академска или владина организација, или комбинација од нив. Таа е поставена во самите простории на провајдерот на услугите.
Хибриден cloud
Претставува Cloud инфраструктура која e спој на две или повеќе различни cloud инфраструктури (приватна, јавна или заедничка), кои остануваат како уникатни субјекти, но се поврзани заедно со стандардизирана или некоја сопствена технологија која овозможува податочна и апликациска преносливост (пр. cloud bursting за балансирање на оптовареност (Load Balancing) помеѓу cloud инфраструктури).

Log in