Користењето на “cloud computing”-от за бизнис цели е начин на кој сопствениците на бизниси може да заштедат пари, време и нервози на дневна основа. Во прилог се дадени некои од придобивките на “cloud computing”-от за бизнис цели.

1Намалени трошоци. Cloud-хостираните сервери овозможуваат масовна скалабилна компјутерска моќ и ги минимизираат ИТ потребите и физичкиот дисков капацитет, со што се овозможуваат значителни заштеди.

2Во секое време, насекаде. Cloud-хостираните компјутери им овозможуваат на корисниците пристап до нивните податоци во секое време, насекаде, од било кој уред. Податоците не се повеќе заглавени на еден компјутер.

3Леснотија во колаборацијата. Снимањето и пристапот до податоците преку “cloud computing” им овозможува на корисниците да работат истовремено на ист документ. Администраторите можат да применат и политики за пристап за погрануларна контрола.

4Намалени ризици. “Cloud computing”-от овозможува висока безбедност и интегритет на корисниците преку генерирање на резервни копии на податоците на оддалечени локации, со што се намалуваат потенцијалните ризици од хакери, вируси и други сајбер напади.

5Зголемена ефикасност. Со префрлањето на работата во “cloud computing” компаниите не се грижат повеќе за потребите од електрична енергија, простор, лиценци и нивни надградби.

Log in