Backup VDC

Protected by Veeam

Backup VDC е надополнување на услугата Virtual Data Center (VDC) во делот на професионален бекап. Со оваа услуга, клиентите добиваат професионално бекап решение за изнајмената виртуелна инфрструктура во neoCloud. Решението е заштитено од Veeam®, кое е најнапредното решение за резервна копија на виртуелни околини. Главни карактеристики на решението се:

Едноставност
Без употреба на бекап агенти, сите бекапи се апликативно конзистентни.
Прегледност
Комплетен увид во бекапите и можност за restore преку веб портал, каде може да вратите цела виртуелна машина или фајл.
Ефикасност
Бекапот е брз, без никаков импакт врз инфраструктурата која се бекапира.
Транспарентност
Наплата по виртуелен систем и количината на податоците кои се штитат, избегнувајќи скриени трошоци и комплицирани калкулации.

 Безбедност

Подобрена со Backup Immutability, услугата добива многу важна функционалност која драстично ќе придонесе за зголемување на безбедноста на податоците складирани во neoCloud. Преку оваа функционалност, резервните копии зачувани во нашите складишта нема да бидат променети или избришани, случајно или намерно, сѐ додека не истече нивното зададено време за складирање.

Главните предности и придобивки на решението кои накратко би ги издвоиле се:

  •  Дуплицирање на резервни копии на две локации поради поголема безбедност на податоците
  •  Безбедност на податоците – безбедна и редундантна околина, гаранција од производителот за интегритет на резервните копии како и можност за енкрипција
  •  Можност за чување на резервна копија на лента (LTO6)
  •  Дневен инкрементален бекап кој се третира како целосен бекап
  •  Поддржани апликации: Microsoft Active Directory, Microsoft Exchange, Microsoft SharePoint, Microsoft SQL, Oracle Database
  •  Можност за враќање само на податок (датотека, објект, порака, табела итн.)*


*Veeam is a registered trademark of Veeam Software.

Контакт

Сакате да ја нарачате Backup for VDC услугата?

Испратете барање и набрзо ќе бидете контактирани од нашиот продажен тим.

Log in