neoCloud е cloud computing платформа, наменета за компании и поединци кои сакаат да се фокусираат на примарните бизнис цели, препуштајќи ги модерните информатички предизвици на професионалци.

Што е neoCloud?


Пред сè, neoCloud e бренд од портфолиото на професионални ИКТ услуги на Неоком во соработка со интернет и телеком провајдерот Неотел.

neoCloud e првата македонска “cloud computing” платформа базирана на виртуелизација од VMware со комплетна автоматизација и управување со помош на софтверски алатки од производителите VMware и HPE.

Целта на neoCloud e да овозможи комплетна услуга во делот на ИКТ на сите потенцијални клиенти, без разлика на нивната големина и без инвестициски трошоци на принципот на месечно изнајмување ресурси и услуги. На овој начин, овозможуваме поголема агилност на клиентите и нивен фокус во примарната дејност на нивниот бизнис.

За Неоком

Неоком АД е лидер на македонскиот ИКТ пазар во поглед на виртуелизациски решенија, автоматизација и управување на бизнис процесите. Во поглед на “cloud computing” технологијата, Неоком е единствениот сертифициран провајдер според VCPP програмата од страна на VMware на територијата на Р. Македонија. Посветеноста кон високо технолошки решенија и стручната експертиза е потврдена од страна на HPE со највисоката партнерска титула HPE Platinum Partner.

За Неотел

Неотел ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на Неоком. На пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. Започнува со нудење на услуги на бизнис-корисници со капацитет не поголем од неколку мегабити во секунда (Mbps), денес Неотел е компанија која нуди услуги на бизнис и домашни корисници преку WiMAX безжична технологија и сопствена оптичка мрежа со гигабитен Gbps капацитет.

Log in