Virtual Data Center (VDC)

Powered by  VMware Cloud Director

Virtual Data Center претставува инфраструктурна “cloud computing” услуга, од портфолиото на услугите на neoCloud. Всушност, VDC e високодостапна, безбедна и изолирана околина за сите типови на кориснички системи за која било организација, без разлика на нејзината големина, како и за физички лица. Главните предности на VDC се:

Висока достапност
Системот е поставен во два географски дистанцирани дата-центри во Р. Македонија и функционира како една целина. Во секој дата-центар сите компоненти се дуплирани и заштитени со најновата технологија за напојување.
Лесна надградливост
Во случај на крајниот корисник да му се потребни дополнителни ресурси, додавањето на истите е прашање на минути (преку преминување од еден на друг пакет).
Безбедност
Пристапот до VDC е преку енкриптирана комуникација на web портал, заштитена со Next Generation Firewall-и и IPS-и. Дополнително, секој виртуелен дата центар е заштитен со дедициран софтверски firewall и router.
Скалабилност и флексибилност
Без разлика дали на клиентот му е потребна нова виртуелна машина или дополнителни ресурси на постоечките виртуелни машини, провизионирањето е пократко од 5 минути.

Придобивките од користењето на Virtual Data Center услугата се многубројни, но накратко би ги издвоиле следниве:

  •  Поголема транспарентност, следливост и предвидливост во ИКТ трошоците
  •  Наплата според потрошените ресурси во текот на месецот
  •  Високодостапна платформа која ги задоволува и највисоките стандарди
  •  Мобилност – пристап од било каде во било кое време
  •  Пократко време на реализација на потребите и идеите
  •  Лиценцен модел кој овозможува користење на потребните софтвери на месечно изнајмување

Како надополнување на услугата VDC во делот на заштита на клиентските податоци, neoCloud нуди можност за управување со резервни копии преку услугата Backup VDC.

Контакт

Сакате да нарачате пакет од VDC услугата?

Испратете барање и набрзо ќе бидете контактирани од нашиот продажен тим.

ПакетиЦеновникГалеријаЧести прашањаДокументи

VDC Пакети

Споредете ги VDC пакетите и одберете го оној кој Вам најмногу Ви одговара


Start Basic Advanced Premium
Брзина на процесор (Ghz) 1,8 2,0 2,4 2,8
процесори во пакетот
Вклучени / Максимум дозволени во пакетот
2 / 6 4 / 10 8 / 16 12 / 32
меморија во пакетот (GB)
Вклучена / Максимум дозволена во пакетот
2 / 6 6 / 16 8 / 32 12 / 64
Hybrid дисков капацитет (GB)*
Вклучен / Максимум дозволен во пакетот
20 / 200 40 / 500 80 / 1.000 100 / 2.000
Flash дисков капацитет (GB)**
Можнност за користење во пакетот
нема можност нема можност има можност има можност
капацитет на интернет линк (MBPS)
Вклучен / Максимум капацитет во пакетот
2 / 10 5 / 15 10 / 50 20 / 100
Јавна IP адреса
Вклучена / Дополнителна во пакетот
1 / нема можност 1 / нема можност 2 / има можност 2 / има можност
Edge Gateway уред
Firewall, NAT и DHCP сервиси
вклучен вклучен вклучен вклучен
Load Balancer
Функционалност на Edge Gateway
нема можност има можност вклучен вклучен
IPSec VPN
Функционалност на Edge Gateway
има можност има можност има можност има можност
Оперативни системи и софтвери
Опции за лиценциран и open-source
има можност има можност има можност има можност
Месечна претплата од 2.418,00 ден. 5.871,00 ден. 12.360,00 ден. 20.394,00 ден.

Сите цени се со вклучен ДДВ за договор на минимум една година.
Зголемување на лимитите е дозволено само во специјални случаи.

За договор на две години одобруваме попуст од 5%.
За договор на три години одобруваме попуст од 10%.
За договор на неопределено време цените се зголемуваат за 10%.

*Hybrid дисковиот капацитет е со перформанси околу 1000 IOPS.
**Flash дисковиот капацитет е со перформанси околу 10000 IOPS.

VDC дополнителни цени


Единица Цена Интервал
vCPU
Виртуелено процесорско јадро
1 1,174 ден. час
vRAM (GB)
Виртуелена системска меморија
1 0,625 ден. час
Hybrid дисков капацитет (GB)
Со перформанси околу 1000 IOPS
10 69,00 ден. месец
Flash дисков капацитет (GB)
Со перформанси околу 10000 IOPS
10 159,00 ден. месец
Јавна IP адреса
Доделена на Edge Gateway уред
1 150,00 ден. месец
Капацитет на интернет линк (Mbps)
Симетричен upload/download на Edge Gateway уред
1 460,00 ден. месец
Load Balancer
Дополнителна функционалност на Edge Gateway уред
Користење 550,00 ден. месец
IPSec VPN
Дополнителна функционалност на Edge Gateway уред
Тунел 350,00 ден. месец
Дополнителен Edge Gateway уред
Со вклучени Firewall, NAT и DHCP сервиси
Користење 1.236,00 ден. месец
Microsoft Windows Server
Поддржани верзии на Windows Server: 2012 R2, 2016, 2019
Виртуелна машина 2.590,00 ден. месец
Microsoft Windows Server со SQL Server Web Edition
Лиценциран за 4 vCPU. Поддржани верзии на SQL Server: 2019, 2017, 2016, 2014, 2012
Виртуелна машина 3.899,00 ден. месец
Microsoft Windows Server со SQL Server Standard Edition
Лиценциран за 4 vCPU. Поддржани верзии на SQL Server: 2019, 2017, 2016, 2014, 2012
Виртуелна машина 23.650,00 ден. месец
Linux оперативни системи
Можност за користење на која било дистрибуција – CentOS, Debian, Ubuntu итн.
Виртуелна машина 0,00 ден. месец

Сите цени се со вклучен ДДВ за договор на минимум една година

Кои се предусловите за користење на VDC услугата?
Пристапот до VDC услугата е преку web портал. Минималните предуслови се: уред (компјутер, таблет или паметен телефон) со пристап на интернет и интернет прелистувач.
Дали можам истовремено да користам повеќе пакети?
Да, нема ограничување на бројот на пакети по корисник.
Во случај на користење на повеќе пакети како пристапувам до секој од нив?
Секој пакет претставува посебен виртуелен дата центар. Сепак пристапот до виртуелните дата центри е единствен преку следниот линк: https://vdc.neocloud.mk.
Веќе поседувам Microsoft лиценца за оперативен систем. Дали истата можам да ја искористам во neoCloud?
Лиценцните правила на Microsoft не дозволуваат користење на трајни лиценци набавени од страна на клиентот во neoCloud. neoCloud има посебен SPLA договор со Microsoft и дозволено е користење само на лиценци од SPLA договорот преку изнајмување.
Сакам да користам безбеден линк помеѓу мојата компанија и VDC. Кои се моите опции?
Со секој пакет од VDC, клиентот добива бесплатно користење на софтверски firewall со VPN функционалности. Можно е воспоставување на IPSec VPN линк помеѓу клиентот и виртуелниот дата центар. Друга опција е податочно поврзување на клиентската мрежа и виртуелниот дата центар преку Неотел интернет операторот. Оваа опција е возможна само ако има услови за реализација од страна на Неотел.
Што се случува со моите податоци по истекот на услугата?
По истекот на услугата податоците се чуваат најмногу 60 дена. По истекот на овој период истите се бришат трајно. Во меѓувреме, клиентот има можност да побара истите да му бидат предадени (ако во меѓувреме не ги презел). Одговорноста кон податоците од страна на neoCloud е иста како и во периодот кога услугата била активна.
Барање за користење на neoCloud услуга
Продуктна информација

Log in